НБМ го намали процентот за орочените депозити

Bez autora
Oct 31 2013

Централната банка отвара простор за банките повеќе да ги кредитираат компаниите. Советот на Народната банка вчера донесе измени на Одлуката за управување со ликвидносниот ризик на банките, со која се намалува процентот од орочените депозити, за кој се претпоставува дека ќе се одлее од банките, од 80 отсто на 60 отсто. Измената се темели врз утврдената висока стабилност на орочените депозити во банкарскиот систем. Со промената ќе се ослободи повеќе простор кај банките за долгорочно кредитирање на реалниот сектор. НБРМ ја поедностави и постапката при исплатата на ефективни странски пари за тековните потреби на домашните превозници. Советот на Народната банка го разгледа Извештајот за банкарскиот систем на Република Македонија во вториот квартал од 2013 година, при што е заклучено дека растот на кредитната активност умерено забрза, а носители на растот беа кредитите на секторот домаќинства и кредитите во денари.

НБМ го намали процентот за орочените депозитиЦентралната банка отвара простор за банките повеќе да ги кредитираат компаниите. Советот на Народната банка вчера донесе измени на Одлуката за управување со ликвидносниот ризик на банките, со која се намалува процентот од орочените депозити, за кој се претпоставува дека ќе се одлее од банките, од 80 отсто на 60 отсто.

- Измената се темели врз утврдената висока стабилност на орочените депозити во банкарскиот систем. Со промената ќе се ослободи повеќе простор кај банките за долгорочно кредитирање на реалниот сектор - соопшти Народната банка на Македонија.

НБРМ ја поедностави и постапката при исплатата на ефективни странски пари за тековните потреби на домашните превозници.

Советот на Народната банка го разгледа Извештајот за банкарскиот систем на Република Македонија во вториот квартал од 2013 година, при што е заклучено дека растот на кредитната активност умерено забрза, а носители на растот беа кредитите на секторот домаќинства и кредитите во денари.

- Во услови на заживување на домашната економска активност, но сеуште присутна неизвесност околу економското закрепнување на глобален план беше утврдено дека конзервативните стратегии на некои банкарски групации имаа одреден ефект врз динамиката на кредитната активност во периодот што следеше. Се очекува дека веќе извесното излегување на европската економија од рецесија, како и намалувањето на учеството на нефункционалните кредити во домашниот банкарски сектор да придонесат за продолжување на забрзувањето на кредитната активност- стои во соопштението.

Солвентноста и ликвидноста на домашните банки е на високо ниво, а кредитниот ризик е детектиран како најприсутен, иако во вториот квартал забавува растот на нефункционалните кредити.

- Заклучно со август, учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити се врати на нивото од март 2013 година и изнесува 11,9 отсто, наспроти 12,3 отсто на крајот на јуни 2013 година. Забавениот раст на нефункционалните кредити произлезе од корпоративниот сектор и може да се објасни со позитивните придвижувања во домашната економија во претходните три квартали, а пред се посилниот раст на економската активност во првиот квартал годинава. Очекувањата дека економијата ќе се задржи во зоната на солиден годишен раст даваат основа да се претпостави дека е исцрпено во значителна мера натамошното забрзување на растот на нефункционалните кредити кај корпоративниот сектор- соопшти Народната банка.

На крајот од вториот квартал, банкарскиот систем прикажа позитивен финансиски резултат од 351,4 милиони денари. Основни фактори за остварената добивка се порастот на вкупните редовни приходи, пред се на нето-приходите од камати, како и намалените оперативни трошоци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik